Avlija
Portal za kulturu, književnost i društvene teme



Poezija

27. Jula 2015.
 

Renata Pančova: Ti blagodaram za se

More articles by »
Written by: Redakcija
Oznake:

Избришано минато

Никако да се преболат поминатите сеќавања меѓу телото и душата, побегнатите ветувања меѓу тишината и сонливоста.
Никако да се прежалат избрканите празнини меѓу просторот и времето.
Стареењето на тој далечен, а веќе мртов ден
создава историја за венчавањето на солзите со болката.
Доказот за таа врска е прстенот на тагата кој блеска на залезот од сонцето.
Како што минува времето така денот се претвора во еднаков, празен миг.
Не се знае што е право, а што криво,што е лево, а што десно, што е назад, а што  напред.
Не се знае дали солзата паѓа по линиски правец или во криволиниска насока.
Тој веќе е прегазен ден, но повторно гори и боли како препечен, заборавен зрак.
Бакнежот меѓу водата и сонцето
го расечуваат денот на милион скршени парчиња.
Непознатата вистина се крие во душевното јадро
и се огледува во измаченото езеро од солзи.
Незаборавниот ден се држи за рака со немата празнина
и ја преполовува душата и нечие минато го умртвува со оган.
Осаменоста се соединува со трнливиот бодеж и пијат од недоискажаноста на минатото
и ја уништуваат постелата на мрачниот ден.
Духот се ослободува од сенката на денот, но тој свети како зеница во окото,
и се врзува со другите мрачни и непразнични денови.
Се создава предвремена прогноза за уривањето на соништата, за отсекувањето на мирот, рушењето на копнeжите, разделувањето пред изгревањето на љубовта.
Душата ги собира гладните утехи, половичните насмевки и очајните допири.
Судените денови секогаш ја губат вредноста
и станувааат валкани спомени кои се каат што се родиле.
Тешко е кога болката ти е сопатник,а средбата со избледеното минато  ти е секојдневие.
Бараш прошка од гневот и тагата бидејќи со нив полесно ги голташ жигосаните  јадови.
Не можeш да заспиеш бидејќи минатото колку и да е далечно,
избледено станува повратен заборав.
Не можеш да живееш
бидејќи во секој миг те прегрнува тага или некои изгорени лалиња.
Подгорените, лути пеперутки во стомачната празнина
ги збрчкуваат наборите од кожата.
Темјанот во душата ги пушта своите ластари и веќе полуживите сеќавања ги погребува.
Како да му се преведе на срцето дека веќе стопените огледала не се возвишуват
дека преживеаните денови не се репризираат,
дека сјајните мигови веќе изгореле како дабово дрво.
Луѓето бодат со нож по телото, зборовите  ги претвораат во зрна бесконечност,колваат по кревкото срце и нанесуваат неправда со камшик.
Како е да се издржи кога жарот го соголуваат
и веднаш го ставаат до десната страна од градите?
Како е да се издржи кога тагата ве праќа до пеколот и ве враќа стопати назад?
Како е да продолжиш да дишеш кога белите дробови
се затруени од непријателскиот отров?
Кој ќе го казни  непостоечкиот непријател?
Како сето ова да се прифати за крај,
кога амнезираното срце не може тоа да го стори?
Стравот го вгнездиа во сржта,
иглите на тага ги распараа бледите зборови во срцето.
Како што сонцето не знеше како се родило,
така и јас не знаев  што со иднината
кога  минатото беше изгубено и избришано.
Ти благодарам за се

Ти си блаженство создадено од убавината на сончевото јадро,
Идиличност без сомнеж, без трошка лага,
Боженствено семе изникнато од набабрена љубов.
Личност во која се везат нишки од страсти и топлинa.
Анонимен стрелец кој ги заробува погледите,
Горд прогонител по невиноста и чувствителноста,
Олицетворене на соединение за машкоста и херојството.
Дарител на скришни,вовлечени солзи во нечии уморни очи.
Англиски валцер заигран од мала количина на љубомора.
Рајски ветер кој носи врели огнови по телото.
Античка срж која се провлекува во длабочините на срцето.
Моја надеж која патува и на најдалечните места,
Заробеник  на борбата за доживотен опстанок,
Албум во кој се собрани совршени слики за перфектноста.
Сончевина која доаѓа од некој волшебен универзум,
Есенски сон кој носи покор од неговите очи.

Ти благодарам што постоиш!


 

Рената Пенчова

Рената Пенчова

Рената Пенчова е родена на 13. 7. 1998. година во градот Штип. Своето осумгодишно основно образование го заврши во ООУ „Славејко Арсов“ во Штип каде што беше прогласена за ученик на генерацијата, а своите нови знаења реши да ги црпи во гимназијата СОУ „Славчо Стојменски “ во Штип.

Пишува од најмала возраст и повеќе е ориентирана кон прозата. Нејзиниот талент, пишувањето, ѝ донесе многу пофалници и дипломи од регионални, општински и државни литературни конкурси и ѝ обезбеди учества на многу манифестации – литературни читања, приредби, поетски вечери и фестивали. Истовремено негува љубов и кон природните науки, а има учествувано и на натпревари по математика, биологија, физика, информатика, противпожарна заштита и географија.Член е на литературниот клуб “Искра” во Штип. Истовремено е член на дебатерскиот клуб “Актив”.

Го сака пишаниот збор и слободното време го користи за да пишува на секоја тема, а најголема инспирација и е секојдневието и нејзините чувства. Ова е нејзината прва објавена книга во која ги всади своите детски, искрени и чисти емоции.



About the Author

Redakcija
Redakcija




Konkursi regiona
 
 

 

Poezija Dubravka Matančevića

Dubravko Matančević   ZAROBLJENA U SRCU   U srcu tvoja slika malena Nema snage da izgori Ne može da pobjegne od plamena Gori vječno u tisuću boja S njom sva sreća, tuga moja.   Nosi tebe uz mene Pored nje d...
by Redakcija
 

 
 

Marija Juračić: Nepomično more

Marija Juračić   Nepomično more   Sanjala sam opet neka crna jedra kormilo je prazno i samo se vrti nepomično more, bez zvuka, bez vjetra korak do ničega, do pakla, do smrti. . Nema ni zvijezda, nema niti ptica m...
by Redakcija
 

 
 

Edib Šaljić: Mali šehidi

Edib Šaljić . MALI ŠEHIDI . Dok druga djeca slušaju bajku, Dok sanjaju miran, šareni san, Sirijsko dijete sanja mrtve baba i majku I moli Boga da preživi još jedan dan. . Zar među djecom razlike ima?! Zar može neko dje...
by Redakcija
 

 

 

Poezija Jelene Kočović

Prošle su godine . Prošle su godine lutanja i traganja, sada živim u ljubavi imam sve što treba mi, mirnu luku i topli tom, živim život ja po svom. Prošle su godine lutanja i traganja, sa tobom sam pronašla sve što tre...
by Redakcija
 

 
 

Poezija Jasne Jašaragić

Jasna Jaca Jašaragić   MOŽDA Možda negdje tamo daleko ispod plavog neba iza dalekih stijena na mene misli neko očiju boje kestena. . Možda imamo iste želje, možda sanjamo iste snove možda nas sudbina kroz tišinu ...
by Redakcija
 

 




Konkursi regiona