Avlija
Portal za kulturu, književnost i društvene teme



Vijesti

17. Novembra 2018.
 

45. Karamanovi susreti u Makedoniji

More articles by »
Written by: Redakcija
Oznake:

Ќе се одржат 45 КАРАМАНОВИ СРЕДБИ

И оваа година, Радовиш ќе празнува во чест на македонскиот Рембо – Ацо Караманов.  Во деновите 22, 23 и 24 Ноември 2018 г.  Радовиш ќе биде македонски, но и балкански Олимп на поезијата  и ументоста.  Центарот за култура Ацо Караманов Радовиш во соработка со библиотеката Браќа Миладиновци од Радовиш и Друштвото на писателите на Македонија ќе реализира богата програма во која на еден мултимедијален начин –  со спој на сите уметности ќе се чествува ликот и делото на младиот македонски гениј – Ацо Караманов. Како што е општо познато Ацо Караманов, херојски загинува на 9 октомври 1944 година на само 17 години храбро, борејќи се за слободата на Македонија.  Тој е првиот модерен македонски поет, којшто особено во македонската модерна поезија ги внесува импресионизмот и експресионизмот.

Во програмата на средбите ќе учествуваат триесетина уметници и поети – членови на ДПМ и гости од пет балкански земји, кои ќе се престават со врвни уметнички дела и креации. На централната манифестација на 23 ноември ќе биде доделена и наградата за најдобра поетска книга по распишаниот анонимен конкурс од страна на средбите. Во конкуренција од 40 поетски ракописи стигнати под шифра до Советот, овогодишен добитник на наградата Карманов  е поетесата од Словенија со македонско потекло Соња Цекова Стојаноска за стихозбирката „Разгранети мисли во пајажина„. Во најтесен избор влегоа и стихозбирките на поетите: Даниела Андоновска Трајковска, Сузана Мицева и Михајло Свидерски. Советот на средбите за сите нив обезбеди вредни награди и признанија.

МАНИФЕСТАЦИЈАТА СЕ ОДРЖУВА СО ПОДДРШКА НА Министерството за кутура на Република Макеоднија, градоначалникот на општина Радовиш – Герасим Конзулов и рудникот Бучим.

Во прилог ви ја даваме програмата на манифестацијата.

ПРОГРАМА

22 НОЕМВРИ, ЧЕТВРТОК –  „ТИ АМО ГАРДЕН“ РАДОВИШ

20, 30 час. „ПОЕТСКА СИНА НОЌ„ – МУЗИЧКО ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНС

СО ПОЕТИ ОД СТРАНСТВО –УЧЕСНИЦИ НА 45 КАРАМАНОВИ СРЕДБИ,

КАНТАВТОРОТ ЈОВИЦА ИЛИЌ, Македонска фолклорна група „КАЛИНА„ ОД ЉУБЉАНА – СЛОВЕНИЈА И  ПЕТАР ПОПЛАЗАРОВ – МАЕСТРО НА ГИТАРА

23 НОЕМВРИ, ПЕТОК – Центар за култура „АЦО КАРАМАНОВ“

17,30 ч. ПРИСТИГНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ НА 43 КАРАМАНОВИ

СРЕДБИ ВО РАДОВИШ  (Центар за култура „Ацо Караманов“)

ОУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА АЦО КАРАМАНОВ – РАДОВИШ

18,00 ч. ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА  „АКАДЕМИК ТОМЕ СЕРАФИМОВСКИ – СКУЛПТУРИ И АКАДЕМИК СЛАВКО ЈАНЕВСКИ – ЛИКОВНИ ДЕЛА„

ИЗЛОЖБАТА ЌЕ ЈА ОТВОРАТ Борче Панов – писател и Соња Серафимовска – ќерка на академик Томе Серафимовски

СОЛО ПЕСНИ ОД АЦО КАРАМАНОВ – МЕЦОСОПРАН АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА И ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ – ПИЈАНО

„ПСАЛМОТ ЗА М-ЛЛЕ ЛИЛИ„ – ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНС СО СУЗАНА МИЦЕВА И МЛАДИТЕ АКТЕРИ МАТЕЈ ФИЛИПОВ И ЛИНА ДИМОВА И ЃОРГЕ МАНДАЏИЕВ ОД РАДОВИШ

„Mambo number five & Burlesque„ – ГАЗЕЛИ – кореографии на Изабела Ангелова

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 45 КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ:

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДПМ, СОЊА СТОЈМЕНСКА  – ЕЛЗЕСЕР И БОРЧЕ ПАНОВ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА 45 КАРАМАНОВИ СРЕДБИ

ПОЕТСКИ КАРВАН НА ДПМ – ПОЕТСКИ МОЗАИK, СО СИТЕ УЧЕСНИЦИ НА 45 КАРАМАНОВИ СРЕДБИ

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА   „KАРАМАНОВ 2018”

24 НОЕМВРИ, САБОТА

ОНБ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“, РАДОВИШ

 

10,30 ч. СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЕТИ  ХРИСТО ПЕТРЕСКИ  И МАРИНА МИЈАКОВСКА  СО МЛАДИТЕ  ПОЕТИ  И ЧИТАТЕЛИ ОД РАДОВИШ

11,00 ч. ПОЕТСКИ ПОРТРЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ

МИХАИЛ РЕНЏОВ, ОСВРТ – Д-Р КРИСТИНА НИКОЛОВСКА

11,30 ч. ПИСАТЕЛСКИ ПОРТРЕТ НА ПИСАТЕЛКАТА ФРОСИНА ПАРМАКОВСКА,

ОСВРТ – Д-Р МИШЕЛ ПАВЛОВСКИ

12, 00 Ч. КНИЖЕВНИ РАЗГОВОРИ НА ТЕМА „ПОЕЗИЈАТА И МУЛТИМЕДИЈАТА„, УЧЕСНИЦИ: Д-Р СОЊА СТОЈМЕНСКА – ЕЛЗЕСЕР, Д-Р МИШЕЛ ПАВЛОВСКИ, Д-Р ЛОРЕТА ГЕОРГИЕВСКА, Д-Р КРИСТИНА НИКОЛОВСКА, Д-Р ИВИЦА ЏЕПАРОСКИ,  Д-Р АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ И БОРЧЕ ПАНОВ

18, 30  ч. ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПОЕТИТЕ – ГОСТИ ОД  РОМАНИЈА, СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА, КОСОВО И ЦРНА ГОРА

 



About the Author

Redakcija
Redakcija




Konkursi regiona
 
 

 

UMETNIČKI KOLAŽ U VALJEVU

Narodni muzej Valjevo vas poziva na UMETNIČKI KOLAŽ Program Tim Roth THE OUTER GODS Drevna multiuniverzumska bića (postavka: Trodimenzionalne figure) Pisci: Jovanka Božić, Danijela Padejski, Slađana Malešević, Blagoje R...
by Redakcija
0

 
 

8. konkurs časopisa ”Avlija” za najbolju kratku priču i pjesmu za 2018. godinu

Redakcija časopisa za kulturu, književnost i društvene teme AVLIJA iz Rožaja raspisala je 8. međunarodni konkurs/natječaj za najbolju neobjavljenu kratku priču i pjesmu u regionu za 2018. godinu. Konkurs je otvoren od 1...
by Redakcija
 

 
 

Zlatno pero: Međunarodni konkurs za ljubavnu prozu i poeziju

Naš i vaš književni klub “Zlatno pero” Knjaževac raspisuje još jedan, VI Međunarodni književni konkurs, a tema je slobodna. Konkurs je otvoren do 31. decembra 2018. godine do kada su i uplate za knjige. Štam...
by Redakcija
 

 

 

My Support, always by your side! – Montenegrian Medical Students International Committee

“Pogledaj, doktori!”, bio je jedan od komentara Podgoričanke koja je s oduševljenjem ispratila studente medicine na Trgu nezavisnosti u Podgorici. A, oni su se, mimo amfiteatra i ordinacija, okupili u centru Podgorice da ...
by Redakcija
 

 
 

SABNOR: Multimedijalna izložba “Historija vrline“ u petak 23. novembra u Sarajevu

U okviru programa obilježavanja 75. godišnjice prvog zasjedanja ZAVNOBiH-a MULTIMEDIJALNA IZLOŽBA “HISTORIJA VRLINE“ U PETAK U HISTORIJSKOM MUZEJU Multimedijalna izložba “Historija vrline“, zvanično će biti otvore...
by Redakcija
 

 




Konkursi regiona